• e premte, 24 janar 2025

И Нетанајху во одбрана на Маск за наводниот нацистички поздрав

И Нетанајху во одбрана на Маск за наводниот нацистички поздрав

Ерусалим, 23 јануари 2025 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху испрати порака за поддршка до милијардерот Илон Маск, сопственик на платформата Х, кој беше жестоко критикуван ширум светот затоа што својата испружена рака на митинг за одбележувањето на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот ја крена и изгледаше како нацистичкиот поздрав.

Маск, сојузник и соработник на Трамп, е „лажно извалкан“, напиша Нетанјаху на платформата X, потсетувајќи на посетата на Маск на Израел по „масакрот на 7 октомври“ во 2023 година.

Израелскиот лидер изјави дека оттогаш Маск постојано силно го нагласувал правото на Израел да се брани од „геноцидни терористи и режими кои се обидуваат да уништат една еврејска држава“.

Лигата за борба против клеветата (Anti Defamation League), меѓународна еврејска невладина организација со седиште во Њујорк, гестот на Маск го оцени како „незгоден“, но не и нацистички, јавуваат израелските медиуми.

Маск претходно објавуваше емотикони и теории за супремација на белата раса на платформата X, што предизвика критики дека станува збор за антисемитизам.

Во негова одбрана денеска застана и аргентинскиот претседател Ксавиер Милеј. сд/

фото:Скриншот Х

QËNDRONI TË LIDHUR