• e diel, 21 dhjetor 2025

Иран се подготвува да го ограничи пристапот до интернет

Иран се подготвува да го ограничи пристапот до интернет

Техеран, 17 јуни 2025 (МИА) - Иранските власти се заканија дека ќе го блокираат слободниот пристап до интернет, јавија денеска неколку медиуми, пренесе ДПА.

Повикувајќи се на експерти и интернет активисти, медиумите објавија дека пристапот до странски веб-страници би можел значително да биде ограничен во наредните часови.

Во меѓувреме, Командата за кибер безбедност објави дека на владините службеници им е забрането да користат „сите уреди поврзани со комуникациски мрежи - вклучувајќи паметни телефони, паметни часовници и лаптопи“.

На цивилите им е советувано да ја ограничат употребата на такви уреди. зш/

QËNDRONI TË LIDHUR