• e diel, 28 korrik 2024

Индискиот премиер Нарендра Моди ќе ја посети Украина во август

Индискиот премиер Нарендра Моди ќе ја посети Украина во август

Њу Делхи, 27 јули 2024 (МИА) - Индискиот премиер Нарендра Моди во август ќе отпатува за Киев, што ќе биде негова прва посета на земјата од почетокот на руско-украинската војна во 2022 година.

Моди најверојатно ќе ја посети Украина на 23 август, изјавија повеќе извори во дипломатските кругови во Њу Делхи, пренесува индискиот ТВ канал WION.

Претходно оваа година, украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со Моди по телефон и го покани индискиот премиер да ја посети Украина. паг/

Фото: ЕПА

 

 

QËNDRONI TË LIDHUR