• e diel, 28 korrik 2024

Израелски портал тврди дека Израелците доставиле до Америка нов предлог за договор за прекин на огнот

Израелски портал тврди дека Израелците доставиле до Америка нов предлог за договор за прекин на огнот

Тел Авив, 27 јули 2024 (МИА) – Израелските преговарачи денеска до претставници на САД го доставиле последниот предлог на Тел Авив за договор за прекин на огнот со Хамас, пренесува израелскиот портал Вала, повикувајќи се на израелски функционер и два други извори.

Според тие извори, предлогот содржи нови услови поставени од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, особено неговото барање да се воспостави механизам за да се осигура дека меѓу раселените Палестинци кои се враќаат во своите домови во северниот дел на Појасот Газа нема вооружени мажи.

Тие наведуваат и дека највисоките членови на преговарачкиот тим и безбедносните претставници веруваат дека Хамас ќе го одбие ова барање, што „ќе доведе до криза во преговорите“.

Предлогот е доставен пред утрешната средба меѓу шефот на Мосад и шефот на ЦИА, премиерот на Катар и шефот на египетската разузнавачка служба во израелскиот град Рана. јт/

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR