• e premte, 05 dhjetor 2025

Изложба на слики „Допир на светови“ од Сашо Георгиевски во Шибеник

Изложба на слики „Допир на светови“ од Сашо Георгиевски во Шибеник

Скопје, 5 декември 2025 (МИА) - Во рамките на Деновите на македонската култура, во Шибеник од 2 до 8 декември е отворена изложба на слики „Допир на светови“ од Сашо Георгиевски. Организатор на настанот е Хрватско-македонска тангента, со покровителство на Советот за национални малцинства на хрватската влада.

На отворањето присуствуваа многубројни граѓани и личност од хрватскиот (шибенскиот) естаблишмент. Посебно е поздравена ликовната рецензија која ја напиша македонскиот писател Томислав Османли.

- Треба да се има на ум целото богатство на еден визионер на световите во допир кога се гледаат неговите слики во комбинирана техника, форми и колорити, раскошниот свет на Сашо Георгиевски, кој во оваа прилика ни ги подарува на препознавање своите интимно, но и универзални уметнички визии од повеќе периоди на едно богато слоевито наследство, искуство и живот, вели меѓу другото Османли во рецензијата.

Честитки по повод изложбата упатија Иво Јосиповиќ, Јадранка Косор, Стипе Месиќ, Златко Крамариќ, Зоран Димитровски, Милаим Фетаи, Здравко Зима, Љупчо Арсовски..., се вели во соопштението од Хрватско-македонска тангента.са/

Фото: Хрватско-македонска тангента

 

QËNDRONI TË LIDHUR