• e martë, 16 dhjetor 2025

Изложба „Камедонија“ на Илија Стефановски во КСП Центар Јадро

Изложба „Камедонија“ на Илија Стефановски во КСП Центар Јадро

Скопје, 15 декември 2025 (МИА) - Првата самостојна изложба на Илија Стефановски, насловена „Камедонија“, ќе им биде претставена на љубителите на уметноста во наредните денови во КСП Центар Јадро. Стефановски, пензионер од Скопје, своето слободно време го користи на креативен начин, изработувајќи уникатни уметнички дела од камчиња собрани од бреговите на Охридското Езеро.

Изложбата „Камедонија“ претставува поетичен дијалог меѓу природата и уметничката интерпретација. Преку внимателно одбрани камчиња и нивно поставување врз авторски фотографски пејзажи, Стефановски го истражува односот меѓу материјалното и имагинарното. Камчињата, со своите природни форми и траги, се трансформираат во минијатурни светови кои ја продолжуваат приказната на езерото, неговата светлина, движење и тивките белези што времето ги остава зад себе.

Авторот, роден во Скопје во 1950 година, по долга кариера во областа на техничките науки повторно ѝ се враќа на својата младешка љубов – уметноста.

Изложбата може да се посети во КСП Центар Јадро од денеска до 19 декември, секој работен ден од 10:00 до 15:00 часот. дма/са/

Фото: Постер

QËNDRONI TË LIDHUR