• e diel, 28 korrik 2024

Изгоре автомобил во Струмица

Изгоре автомобил во Струмица

Струмица, 26 јули 2024 (МИА) - Синоќа во 1 часот по полноќ на местото Двата пата кај Струмица изгорел автомобил, информираа од ТППЕ Струмица.

Според информацијата од пожарникарите, во гаснењето на автомобилот учествувале едно противпожарно возило и четворица пожарникари.

- Пожарот беше во разгорена и поодмината фаза и беше зафатена и блиската вегетација на ридот, при што беше запрено неговото натамошно ширење, соопштија од ТППЕ Струмица.

ОД СВР Струмица го потврдија настанот и повеќе детали најавуваат за подоцна, откако ќе заврши увидот. рт/мд/

Фото: ТППЕ Струмица

QËNDRONI TË LIDHUR