Изгаснат пожар во селото Моштица
- Во каменичкото село Моштица изгаснат пожарот кој зафати околу 25 декари нискостеблеста шума. Во акцијата за гаснење на пожарот учествуваше екипа на каменички пожарникари со едно возило.
![Изгаснат пожар во селото Моштица](https://mia.mk/images/20250209173051_big_730x400_76.webp )
Македонска Каменица, 9 февруари 2025 (МИА) - Во каменичкото село Моштица изгаснат пожарот кој зафати околу 25 декари нискостеблеста шума. Во акцијата за гаснење на пожарот учествуваше екипа на каменички пожарникари со едно возило.
-Денеска е интервенирано со едно противпожарно возило и четворица пожарникари на гаснење пожар во с. Моштица. Во пожарот опожарени се околу 25 декари мешовита нискостеблеблеста шума, информираа од Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица.
Апелираа да не се пали оган на отворен простор, за да се одбегнат какви било опасни последици.
-Да се одбегнува палење оган, бидејќи тоа е со закон забрането. Доколку дојде до појава на пожар апалираме навреме да се пријави за штетата да биде што е можно помала, додадоа од ТППЕ Македонска Каменица. вс/ев/
Фото: ТППЕ М.Каменица