• e diel, 20 tetor 2024

ИДФ тврди дека елиминирала неколку команданти на Хезболах

ИДФ тврди дека елиминирала неколку команданти на Хезболах

Тел Авив, 20 октомври 2024 (МИА) – Израелската воени авиони утрово го нападнаа седиштето на разузнавачката служба на Хезболах во Либан и подземна работилница за оружје во Бејрут.

Сè уште не е потврдено дали седиштето е оштетено или уништено.

Израелската армија (ИДФ) соопшти и дека при воздушниот напад врз подрачјето Тебине убиен е висок командант на јужниот фронт на Хезболах, Ал-Хај Абас Салма. Според ИДФ, Салма ги надгледувал борбите во подрачјето Бинт Јбеила и извршил голем број напади врз Израел.

Елиминирани се терористите, експертот за комуникации на Хезболах, Рада Абас Авада и шефот на единицата за производство на оружје Ахмад Али Хусеин, се наведува во соопштението на ИДФ.

Хезболах сè уште не ги коментирал наводите на ИДФ.

Претходно, ИДФ соопшти дека во изминатите 24 часа убила повеќе од 65 борци на Хезболах во јужен Либан. Израелската војска тврди дека мета на нападите биле околу 175 локации во Либан и во Појасот Газа, вклучително и лансерите на ракети и воените објекти на Хезболах. ми/

фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR