• e martë, 24 mars 2026

ИДФ соопшти дека го погодила главниот безбедносен штаб на ИРГЦ

ИДФ соопшти дека го погодила главниот безбедносен штаб на ИРГЦ

Тел Авив, 23 март 2026 (МИА) – Израелските воздухопловни сили го погодија „главниот безбедносен штаб“ на иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда за време на денешниот бран напади во Техеран, соопшти војската.

ИДФ наведува дека штабот бил вметнат во „цивилна инфраструктура“ и бил користен од ИРГЦ за „синхронизација на регионалните единици одговорни за спроведување на редот на режимот и внатрешната безбедност“, вклучувајќи ги и паравоените сили Басиџ.

Преземени се чекори за ублажување на штетата врз цивилите при нападот, додава војската. јт/

QËNDRONI TË LIDHUR