• e shtunë, 05 tetor 2024

ИДФ: Од Либан истрелани повеќе од 20 ракети врз Хаифа и Галилеја

ИДФ: Од Либан истрелани повеќе од 20 ракети врз Хаифа и Галилеја

Тел Авив, 4 октомври 2024 (МИА) - Израелската армија (ИДФ) соопшти дека од Либан кон Израел истрелани се околу 20 ракети.

Ракети се истрелани врз израелските области Хаифа и  Галилеја, од кои поголемиот број биле пресретнати, а другите погодиле ненаселено подрачје.

Израел извршува воздушни напади врз цели на Хезболах, а на 1 октомври почна и копнена операција во јужниот дел на Либан. ми/

фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR