ИДФ: Иран истрела 400 балистички ракети, но околу 20 погодија цели во Израел
- Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека од 13 јуни Иран истрелал над 400 балистички ракети и околу 1.000 дронови врз Израел
Тел Авив, 18 јуни 2025 (МИА) – Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека од 13 јуни Иран истрелал над 400 балистички ракети и околу 1.000 дронови врз Израел.
Нешто повеќе од 20 балистички ракети погодиле урбаните области во Израел, при што загинаа 24 луѓе, над 500 се повредени, а предизвикана е и голема штета.
ИДФ наведува дека од 1.000 беспилотни летала, помалку од 200 навлегле во израелскиот воздушен простор. ИДФ тврди дека сите ирански дронови биле пресретнати од израелските воздухопловни сили и морнарицата. ми/
фото: МИА архива