• e enjte, 30 janar 2025

ЗНМ ќе ги додели новинарските награди за подигнување на свеста за загадувањето на воздухот

ЗНМ ќе ги додели новинарските награди за подигнување на свеста за загадувањето на воздухот

Скопје, 30 јануари 2025 (МИА) – Здружението на новинари на Македонија денеска со почеток во 14 часот во просториите на Клубот на новинари во Скопје ќе ги додели новинарските награди за 2024 на тема „Справување со загадувањето на воздухот во Република Северна Македонија“.

На настанот ќе се обратат претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, постојниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григорјан и амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Jаин, како и наградените новинари и претставници на комисијата за 2024 година.

Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ финансиран од Шведска, во текот на октомври објави повик за објавени медиумски содржини, со цел да се подигне свеста за постоечките проблеми со аерозагадувањето и да се поттикне поголема покриеност на овие теми од страна на новинарите на локално и национално ниво како придонес кон изнаоѓање на најдобрите начините за нивно решавање или ублажување.ар/бак/


Фото:МИА архива 


 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR