• e mërkurë, 13 nëntor 2024

Зеленски: Навремената испорака на ракети за противвоздушна одбрана спасува животи на луѓето

Зеленски: Навремената испорака на ракети за противвоздушна одбрана спасува животи на луѓето

Киев, 13 ноември 2024 (МИА) - Навремената испорака на ракети за противвоздушната одбрана на Украина, спроведувањето на договорот за одбранбени системи и производството и испораката на системи за радио-електронско војување значи спасување на животи на луѓето, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Утрово имаше уште еден комбиниран руски напад врз нашите градови и тој доби ефективен одговор од нашата противвоздушна одбрана. Соборивме руски ракети, вклучително и балистички и крстаречки ракети, кои го нападнаа Киев, како и беспилотни летала“, напиша Зеленски во Телеграм.

Тој прецизираше дека во нападите биле користени околу 90 дронови.

„Важно е нашите сили да располагаат со средства за заштита на земјата од рускиот терор. Благодарен сум на секој од партнерите кои помагаат. Навремената испорака на ракети за нашиот систем за противвоздушна одбрана, спроведувањето на договорите за одбранбените системи, Производството и испораката на средства за радио-електронско војување значи, без да преувеличам, да се биде спасител на луѓето. Секоја таква манифестација на ефикасноста на нашата противвоздушна одбрана значи спасување човечки животи и заштитена инфраструктура. Колку повеќе резултати постигнат нашите војници, толку поблиску ќе биде крајот на војната“, нагласи Зеленски. рп/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR