• e diel, 05 janar 2025

Зеленски во Брисел на средба со Руте и европските сојузници

Зеленски во Брисел на средба со Руте и европските сојузници

Брисел, 18 декември 2024 (МИА) – Украинскиот претседателот Володимир Зеленски вечерва во Брисел се среќава со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и неколку европски лидери.

Средбата има за цел европските сојузници да го консолидираат ставот за како да се пристапи кон новата администрација на Доналд Трамп и што друго може да се направи за Украина.

- На Европа и треба силна и обединета позиција за да се овозможи постигнување траен мир, напиша Зеленски на Икс по пристигнувањето во Брисел.

На средбата присуствуваат лидерите на Германија, Полска, Италија, Данска, Холандија и претставниците на главните институции на Европска Унија. Британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон се претставени од нивните министри за надворешни работи.

- Зајакнувањето на Украина во моментов не е само морална, туку и стратешка обврска, изјави претходно претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен.

Додека германскиот канцелар Олаф Шолц повтори дека приоритет е да се осигури дека Украина „нема да биде принудена да прифати мир под диктат“. ми/

фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR