Зголемени цените на индустриските производи на домашниот пазар
- Во февруари годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,7 проценти на месечно ниво и за 7,4 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
- Post By Лидија Велковска
- 15:44, 28 mars, 2025

Скопје, 28 март 2025 (МИА) - Во февруари годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,7 проценти на месечно ниво и за 7,4 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во февруари во споредба со јануари годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 1,4 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија за 1,4 проценти.
Во февруари годинава во споредба со февруари минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 23,5 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,7 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6 проценти. лв/нд/
Фото: МИА архива