• e mërkurë, 02 prill 2025
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски

За 2,6 проценти зголемен прометот во Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун во февруари на годишно ниво

За 2,6 проценти зголемен прометот во Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун во февруари на годишно ниво

Скопје, 28 март 2025 (МИА) - Во трговијата на мало во февруари годинава, во споредба со февруари минатата година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 9,6 проценти, а реално за 2,6 проценти.

Во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, стапката на прометот е зголемена номинално за 2,1 процент, а реално опаѓа за 0,8  проценти, во Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 5,9 проценти, а реално за 0,9 проценти, а во Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена реално за 1,1 процет, а номинално опаѓа за 0,9 проценти. лв/аа/

фото:МИА архива 

 

QËNDRONI TË LIDHUR