Заменик лидерот на Хезболах, Касем побегна од Либан и сега е во Техеран
- Заменикот на генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем побегна од Либан со ирански авион и сега живее во Техеран, објави емиратскиот портал „Ерем њуз“ (Erem news)
- Post By Марина Илиевска
- 12:44, 20 tetor, 2024
Абу Даби 20 октомври 2024 (МИА) – Заменикот на генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем побегна од Либан со ирански авион и сега живее во Техеран, објави емиратскиот портал „Ерем њуз“ (Erem news).
Касем наводно заминал од Бејрут на 5 октомври со авионот, со кој иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи допатува во посета на Либан и Сирија. Доаѓањето на Касем во Иран го наредиле највисоките лидери на Исламската Република поради стравот дека тој може да биде елиминиран од страна на Израел.
Касем трипати се обрати до јавноста по убиството на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, од кои третиот говор беше снимен во Техеран. ми/
фото: ЕПА