• e hënë, 31 mars 2025
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Заинтересираните од Куманово да се пријават во подружницата на „Национални шуми“ за набавка на огревно дрво

Заинтересираните од Куманово да се пријават во подружницата на „Национални шуми“ за набавка на огревно дрво

Куманово, 26 март 2025 (МИА) - Граѓаните кои сакаат да се снабдат со огревно дрво можат да се пријават во кумановската подружница на ЈП „Национални Шуми“ Куманово најдоцна до 31 март годинава, повикаа денеска надлежните од претпријатието: Заинтересираните треба да се пријават и да склучат договор за купопродажба во просториите на подружницата во Куманово на шестмесечни рати.

- Право на склучување на договори за продажба на огревно дрво имаат физички лица на шест рати, со тоа што испораката на огревно дрво ќе се изврши по исплата на последната рата. Покрај физички лица, право на купување на рати имаат и здруженија на пензионери, инвалиди на трудот, синдикати така што, сите заинтересирани можат да дојдат во просториите на подружницата, да се информираат подетално околу склучување на договорите. Да напомнам дека за социјално ранливите категории на граѓани како што се социјалните случаи, деца без родители, самохрани родители и сите други категории имаат и десет проценти попуст, доколку уплатат во готово. Секако и тие може да купат и на рати со тоа што за нив има на осум и повеќе рати, изјави раководител-директор на подружницата, Катица Станковска Ристовска.

Предвидено е околу 1.500 кубни метри огревно дрво за оваа година, даб и бука. Од подружницата велат дека располагаат со доволно количини огревно дрво за заинтересираните. ам/сст/


Фото: МИА

QËNDRONI TË LIDHUR