Загина грузиски воен пилот за време на тренажен лет
- Post By Марина Илиевска
- 16:13, 2 korrik, 2024
Тбилиси, 2 јули 2024 (МИА) – Пилот на грузиски авион ловец Су-25 денеска загина откако авионот се урна за време на тренажен лет, соопшти Министерството за одбрана на Грузија.
Во соопштението се додава дека е почната истрага за утврдување на причините за инцидентот.
Сухои 25 е авион со едно седиште од советската ера, развиен во 70-тите години за копнени напади и мисии за воздушна поддршка. Грузија на крајот од ноември 2023 година имала пет Су-25 и уште два приземјени и нефункционални борбени авиони. ми/
фото: МИА архива