Завршна конференција на проектот „ЦБЦ еквилајзер за пол и возраст на работните места“
- Во Скопје денеска ќе се одржи завршна конференција за прекуграничниот проект „Премостување на родовиот и возрасниот јаз на пазарот на труд преку градење капацитети и промовирање на нови можности за вработување во прекуграничниот регион - ЦБЦ еквилајзер за пол и возраст на работните местa“, во организација на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување.

Скопје, 25 февруари 205 (МИА) - Во Скопје денеска ќе се одржи завршна конференција за прекуграничниот проект „Премостување на родовиот и возрасниот јаз на пазарот на труд преку градење капацитети и промовирање нови можности за вработување во прекуграничниот регион - ЦБЦ еквилајзер за пол и возраст на работните местa“, во организација на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување.
Како што е најавено, завршната конференција ќе биде можност да се презентираат постигнатите резултати и влијанието на проектот врз локалните заедници. Најавено е присуство на претставници од партнерските организации, релевантни институции и општински претставници од земјава, но и делегација од 25 претставници од српските општини и други чинители.
Проектот, кој беше имплементиран во партнерство со Здружението на бизнис жени во Србија, Здружението на бизнис жени Врање и здружението Праведни и професионални од Македонија, ги вклучи општините Трговиште, Владичин Хан и две градски општини на град Врање во Србија, како и општините Бутел и Ѓорче Петров во Македонија.
-Преку овој проект, успешно беа реализирани повеќедневни обуки, менторски сесии и директна соработка со работодавачи, што придонесе за зголемена вработливост на жените, младите и ранливите групи на пазарот на труд во прекуграничниот регион, соопштија организаторите.
Настанот ќе го отворат градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и градоначалничката на Општина Трговиште, Наташа Манасијевиќ.
-Преку панел-дискусии, учесниците ќе имаат можност да слушнат за конкретните придобивки од проектот, предизвиците и следните чекори за одржливост на постигнатите резултати. Ќе се дискутира и за потенцијалните идни иницијативи за поддршка на жените, младите и ранливите групи на пазарот на труд, се наведува во соопштението.бт/хс/
Фото: МИА Архива