• e premte, 25 tetor 2024

Жителите на Шупли Камен бараат поблизок премин до нивите, ЈПЖРСМ изградило подвозник и асфалтирал пат

Жителите на Шупли Камен бараат поблизок премин до нивите, ЈПЖРСМ изградило подвозник и асфалтирал пат

Куманово, 24 октомври 2024 (МИА) - Жителите од кумановското село Шупли Камен денеска мирно протестираа на влезот од селото, барајќи од ЈПЖРСМ Инфраструктура да обезбеди дополнителен премин за поминување  кон реката и нивите од спротивната страна на селото.  Од ЈПЖРСМ велат дека за жителите изградени се други премини, асфалтиран е пат кој обезбедува функционирање  и безбедно преминување и не можат да дозволат да се поминува преку пругата.

- Пред десетина години им укажавме на овој проблем. Бараме еден премин, подвозник кој во претходниот проект бил промашен да се поврзе за да може да поминуваме, да имаме пристап до реката, до нивите. Но, оттогаш ништо не е реализирано. Се правдаат дека не можело да се направи експропријација и се договоривме постоечките премини да се вратат во функција. Во петокот дојдоа и ни кажаа дека ќе се прави технички прием на пругата и премините ќе бидат затворени, поставија тампон и ние не можеме да го користиме, изјави Драган Станковски од управен одбор на месна заедница Шупли Камен.

Драги Јовановски од ова село кажа дека според договорот преминот требало да биде готов до 1 септември, годинава и во функција требало да останат двата времени премини.

- Зошто не е извршена експропријацијата, реализацијата може да трае до април, наредната година и ние треба да поминуваме најмалку осум километри во два правца за да стигнеме до реката, вели Јовановски.

Претседателот на месната заедница Гоце Станковски кажа дека револтот им е оправдан, бидејќи тие се занимаваат со земјоделство и одгледуваат добиток и неопходен им е премин поблизу до реката.
Жителите се револтирани, бидејќи надлежното претпријатие не го почитувало договорот склучен пред извесен период во просториите на општината, на која покрај претставници од Железници, присуствувале и претставници од општина Куманово, фирмата изведувач.

Од ЈПЖРСМ информирани се за барањата на граѓаните и велат дека имаат друг премин, асфалтиран пат кој може да ги поврзе со нивите.

- Локалното население се соочува со некои мали непријатности при изградба на секција од овој дел на пругата и на добар дел од нивните барања одговоривме позитивно, изграден им е пристапен пат на неполни петстотини метри, постои надвозник каде што тие би имале безбеден премин, асфалтиран се околу 200 метри кој е во интерес на граѓаните. Кога се правата вакви капитални инфраструктурни проекти се гледа да одговараат на голем дел од населението. За жал, при реализација на секој капитален проект ќе постои нешто што стопроценти не може да им одговара на сите, целта е да се задоволат барањата на граѓаните. Ние стоиме на располагање и сè ќе направиме за да обезбедиме непречено функционирање, но не и поминување преку пруга, изјави директорот на претпријатието, Синиша Ивановски.

Месното население вели дека ќе продолжи со блокадите, нема да отстапат, сè додека не им се реализираат барањата. ам/

Фото: МИА

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR