• e martë, 17 mars 2026

Ема Стоун заблеска на доделувањето на овогодишните Оскари во Лос Анџелес

Ема Стоун заблеска на доделувањето на овогодишните Оскари  во Лос Анџелес

Вашингтон, 17 март 2026 (МИА) - На овогодишната церемонија на Оскарите, на црвениот тепих, Ема Стоун позираше во светкав сребрен фустан со кратки ракави. За негова изработка  биле потребни дури 600 часа работа.

„Актерката е позната по тоа што често носи креации од француската модна куќа Луј Витон. Со нивна креација се појави и на овогодишната церемонијата што се одржа во театарот Долби, Лос Анџелес„, пренесува хрватскиот портал Задовољна  (Zadovoljna.hr).

Фустанот е шиен по мерка и има длабоко отворен грб, а е украсен со голем број ситни, рачно шиени монистри. Кројот на фустанот се адаптира на нејзиното тело, и благо се шири при дното. Остава впечаток на минималистичка елеганција и софистицираност.

Стоун, својот изглед го надополни со дијамантски накит - обетки и прстени од италијанската куќа Репоси, кои совршено се вклопија со сребрениот фустан.мв/сд/

Фото: ЕПА

 

 

 

QËNDRONI TË LIDHUR