Евангелско-методистичката црква во Македонија изразува сочувство по трагичниот настан во Кочани
- СООПШТЕНИЕ - Со голема вознемиреност и жал ги примивме информациите за големата трагедија што се случи вчера во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Навистина, тоа се моменти кои совесните луѓе и оние кои искрено ги сакаат и почитуваат своите ближни никому не му посакуваат такво нешто.
- Post By Сашо Арсовски
- 15:33, 17 mars, 2025

17 март 2025
Со голема вознемиреност и жал ги примивме информациите за големата трагедија што се случи вчера во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Навистина, тоа се моменти кои совесните луѓе и оние кои искрено ги сакаат и почитуваат своите ближни никому не му посакуваат такво нешто. Додека оние, кои гледаат да дојдат само до дополнителна материјална корист воопшто не размислуваат за одговорноста и цената на животот, па дозволиле еден настан од такви големи размери да се одржи во такви бедни услови.
Но колку и да бараме сега кривица кај другите, со тоа нема да ги вратиме животите на оние кои пострадаа, ниту, пак, ќе ја одземеме болката од оние кои беа повредени и од оние кои ги загубија своите мили.
Во името на Евангелско-Методистичката Црква во Македонија сакам да изразам искрено сочувство до фамилиите на повредените и настраданите во тој немил настан.
Посебно сочувство упатуваме до семејството на нашиот пострадан сограѓанин Ѓорги Ѓоргиев. Повторно ќе кажам, нема такви зборови со кои би се опишала загубата на животот и болката на останатите позади нив.
Нека вистинскиот жив и вечен Бог, Кој се објави во Исус Христос, ги утеши вашите срца.
Суперинтендент на ЕМЦ во Македонија,
Пастор Марјан Димов
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки