• e mërkurë, 23 tetor 2024

Државниот секретар на МВР Сашо Петрушевски на деветтата Конференција за миграција во Виена

Државниот секретар на МВР Сашо Петрушевски на деветтата Конференција за миграција во Виена

22 октомври 2024

Државниот секретар на МВР, Сашо Петрушевски денеска и утре (22-23 октомври 2024) учествува на годишната Конференција за миграции во Виена (Vienna Migration Conference) во организација на Меѓународниот центар за развој на миграциските политики – ИЦМПД.

На деветтата Виенска конференција за миграции присуствуваат повеќе од 250 носители на одлуки, владини претставници, експерти од областа на миграцијата, меѓународни организации, академската заедница и цивилното општеството кои прават напори за поврзување на миграциските текови со најсоодветните стратешки политики и решенија. На конференцијата македонската делегација учествува во дискусијата за продолжување на заложбите за справување со нерегуларната миграција, како и за активностите во однос на почетокот на имплементацијата на ЕУ Пактот за миграција и азил. 

На маргините на Конференцијата државниот секретар на МВР, Сашо Петрушевски ќе оствари билатерална средба со генералниот директор на ИЦМПД, Михаел Шпенделегер, а договорени се повеќе билатерални средби со истакнати владини претставници и министри кои учествуваат на конференцијата. 

Сектор за односи со јавност и протокол
Министерство за внатрешни работи

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

QËNDRONI TË LIDHUR