Дончиќ и Јокиќ заедно ќе напаѓаат НБА титула ?
- По неочекуваниот премин во Лос Анџелес Лејкерс изминатава сезона Лука Дончиќ заедно со Леброн Џејмс требаше да биде тандем за финале во НБА лигата, но Лејкерси стигнаа само до првото коло на доигрувањето
- Post By Спорт Инфо
- 17:21, 4 korrik, 2025

Лос Анџелес, 4.јули 2025 (МИА) - По неочекуваниот премин во Лос Анџелес Лејкерс изминатава сезона Лука Дончиќ заедно со Леброн Џејмс требаше да биде тандем за финале во НБА лигата, но Лејкерси стигнаа само до првото коло на доигрувањето.
Според американските медиуми во најава е спојување на двете ѕвезди од поранешна Југославија Лука Дончиќ и Никола Јокиќ. Но, прашањето каде во ЛА Лејкерс или Денвер?
Дончиќ со самото доаѓање во НБА лигата во Далас остави извонреден впечаток и ја освои наградата „руки“. Но, во изминатава сезона дојде до неочекуваниот премин во Лос Анџелес во „трејдот“ каде Антонио Дејвис замина во Далас. Јокиќ пак го има признанието МВП на лигата.
Потенцијален „проблем“ за спојување на Дончиќ и Јокиќ е првиот играч на „езерџиите“ Леброн Џејмс. Но, тој има 40 години, Лука е 14 години помлад и притоа Леброн има уште една година договор со клубот. Дончиќ има услови да биде „прв играч“ на клубот, а според американските медиуми можна е и одлична соработка со Јокиќ. Не се исклучува ниту премин на Дончиќ во Денвер, кој нема проблем дали би живеел во Лос Анџелес или во Денвер.
„Трејд“ може да се случи и соиграчи да станат Дончиќ и Јокиќ. мн/
Фото: ЕПА