• e diel, 30 mars 2025
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Дознаките на албанските иселеници минатата година над  милијарда евра

Дознаките на албанските иселеници минатата година над  милијарда евра

Тирана, 26 март 2025 (МИА) – Централна банка на Албанија објави дека дознаките на иселениците минатата година достигнале рекорден износ од над милијарда евра,  што е зголемување од 12,5 отсто во споредба со претходната година.

Податоците на банката покажуваат дека дознаките се повисоки за 115 милиони евра споредено со 2023 година, што ја одразува поддршката што дијаспората ја дава на економијата на земјата.

Само во последното тромесечије од 2024 година, албанските иселеници испратиле 273 милиони евра или 21 милион повеќе во споредба со истиот период претходната година.
-Од 2013 година, дознаките континуирано се зголемуваат, што е одраз на нов циклус на емиграција, кој започна главно по 2015 година. Податоците покажуваат тренд на зголемување, од 598 милиони евра во 2015 година на 929 милиони евра во 2023 година.

Во 2020 година има мало намалување, кога изнесувале 673 милиони евра, што е поврзано со периодот на пандемијата. После тоа, се чини дека дознаките брзо закрепнаа, достигнувајќи рекордни нивоа во последните 3 години, анализира „Монитор“
Поголемиот дел од дознаките доаѓаат од Грција, Италија, Велика Британија, Германија и Соединетите американски држави. вт/

Фото: МИА

QËNDRONI TË LIDHUR