• e mërkurë, 17 dhjetor 2025

Димитровски: Нашите политики се унисони со мировните политики на САД и ЕУ

Димитровски: Нашите политики се унисони со мировните политики на САД и ЕУ

Скопје, 16 декември 2025 (МИА) - Нашите политики се унисони со мировните политики на САД и ЕУ кои имаат намера и интерес да владее мир на Балканот и Балканот да биде интегриран, истакна заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, одговорајќи на пратеничко прашање од пратеникот Амар Мециновиќ, поврзано со надворешната политика на земјава.

Според заменик министерот Димитровски, најголем дел од граѓаните на Република Македонија ги знаат стратешките приоритети на Владата на Република Македонија.

-Главните стратешки приоритети на државата, а тоа го знаат најголемиот дел на граѓаните на Република Македонија се зачленување во ЕУ, стратешкото партнерство со САД и продолжување на нашето партнерство во НАТО.  Ние сме унисони во мировните политики на САД и ЕУ кои имаат намера и интерес да владее мир на Балканот и Балканот да биде интегриран, односно земјите од Западен Балкан да се интегрираат во Европската унија, одговори Димитровски и додаде дека целите како држава ќе бидат поставувувани и ќе бидат како што рече, во согласност со нашите партнери САД и ЕУ.мт/вј/
Фото: Принтскрин 

 

QËNDRONI TË LIDHUR