• e enjte, 11 dhjetor 2025

Димитриеска-Кочоска на Истанбулскиот економски самит 2025

Димитриеска-Кочоска на Истанбулскиот економски самит 2025

Скопје, 10 декември 2025 (МИА) - Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска утре и задутре ќе учествува на Истанбулскиот економски самит 2025. На Самитот во Истанбул, Турција ќе учествуваат високи претставници од влади, меѓународни организации, како и од деловниот сектор и академската заедница.

Министерката утре на отворањето на самитот ќе има воведно обраќање на тема „Нова рамнотежа и глобална соработка“, во кое ќе ги потенцира актуелните предизвици на светската економија и значењето на градењето силни и отпорни економски врски.

Задутре, пак, таа ќе се обрати на панел-дискусијата „Нови текови на глобалните финансии: нова рамнотежа, дигитални валути и економски партнерства“, посветена на иднината на финансиските системи, растечката улога на дигиталните валути и развојот на економски партнерства помеѓу државите.

Фокусот на Самитот, како што информираат од Министерството за финансии, е насочен кон економски политики за одржлив раст, јакнење на економската соработка помеѓу државите и развој на нови партнерства.

На него ќе се дискутира за глобалната економија, одржливиот развој и зелената економија, енергетиката и финансиите, дигиталната трансформација, како и за улогата на образованието во привлекувањето странски инвестиции.

Учеството на министерката ќе овозможи размена на искуства со водечките економски и политички чинители на глобално ниво.вј/

Фото: МИА архива

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR