• e shtunë, 13 dhjetor 2025

Децата на „Мал битолски Монмартр“ ќе цртаат пред Офицерски дом во Битола

Децата на „Мал битолски Монмартр“ ќе цртаат пред Офицерски дом во Битола

Битола, 29 мај 2025 (МИА) - Децата од светот, учесници на меѓународната ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ денеска ќе цртаат пред Офицерски дом, најголемото архитектонско здание во Битола.

Организаторот и домаќин на колонијата, детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“-Битола информира дека на предпоследниот ден, над 150 учесници од 17 држави во светот ќе цртаат мотиви од Офицерскиот дом, како и од објектите што го окружуваат овој историски важен објект за градот.

-Претпладнево од 10 часот, учесниците од скоро сите континенти на планетата ќе цртаат пред Офицерски дом, на локации кои сами ќе ги изберат, на запад кон Пелистер, на север кон Широк Сокак или на југ кон Тумбе Кафе. Во вечерната програма ќе има изложба на дела од минатата година, но и завршна изложба на отворено со сите дела изработени оваа година во Битола, Охрид и бигорскиот манастир, информираа од ДЛС „Св. Кирил и Методиј“-Битола.

Новото издание на меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ завршува утре претпладне со прогласување на 12 најдобри млади уметници, прогласување на најдоброто училиште и прогласување на најдобриот учесник поединец на годинешниот фестивал на ликовната уметност во Битола. мт/вг/

Фото: МИА

QËNDRONI TË LIDHUR