Дел од Трубарево без вода
- Без вода денеска од 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците на скопското село Трубарево.

Скопје, 7 март 2025 (МИА) - Без вода денеска од 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците на скопското село Трубарево.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на два шибери Ф-80 милиметри на улица „36“ бр.12 во село Трубарево.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. мд/цр
Фото: МИА архива