• e diel, 02 shkurt 2025

Делчевскиот градоначалник Трајковски во студиска посета на Австрија

Делчевскиот градоначалник Трајковски во студиска посета на Австрија

Делчево, 1 февруари 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски се наоѓа во студиска посета на Република Австрија во рамки на проектот за примена на добри практики на социјални услуги на локално ниво.

Во рамки на посетата, како што информира Трајковски, се запозна со проектот Медицинска сестра во заедницата спроведуван од „Saalachtal & Leogang“.

-Разговараме за придобивките кои ги носи оваа услуга за заедницата. Аташето Харалд Фугер ги сподели предизвиците како и иновативните модели за успешно спроведување на ваков тип на услуга. Во склоп на работната посета на Република Австрија како дел од активностите на проектот ТРАНСАКТ остваривме посета на различни социјални услуги како „Haus. St. Klara“ каде се даваат услуги за стари лица, жени и деца во социјален ризик, палејативна грижа и примарна медицинска нега, информира Трајковски 

Заедно со Тони Стоименовски, советник за локален економски развој, го посетиле Дневниот центар за стари лица кој обезбедува програмски активности за активно стареење за над 50 корисници дневно. 

-Искористувањето на постојните ресурси преку заеднички иницијативи на јавните институции, бизнис ентитетите и здруженијата го увидовме во Kleinstadtbiotop Vockalbruck која е реновирана стара зграда што денес нуди социјални услуги, промоција на мали трговци и простор за граѓаните од општината и регионот. Денот го завршивме со посета на OJenes Kunst, Kultuthaus Vockalbruck - претходно болница која денес е место за социјални и културни иновации, посочи Трајковски, додавајќи дека биле посетени и други установи како и институции кои се дел од системот во Австрија на двање на различни социјални услуги.

На оваа студиска посета покрај Општина Делчево во Република Австрија се присутни и претставници на уште три општини од Пелагонискиот регион и тоа Прилеп, Долнени, Кривогаштани, општина Градско од Вардарскиот регион и општина Делчево од Брегалничкиот регион, претставници од Министерството за труд, социјала политика, демографија и млади, како и претставници од граѓанскиот сектор кои се лиценцирани за социјални услуги.

Проектот ТРАНСАКТ е поддржан од Австриското Сојузно Министерство за социјални политики, здравство, нега и заштита. вс/вј/

Фото: МИА

QËNDRONI TË LIDHUR