Деловниот простор на новиот затворен градски пазар во Велес ќе се изнајмува
- Советниците на Општина Велес на поседната седница донесоа едногласна одлука деловниот простор на новиот затворен градски пазар да не се продава туку да се изнајмува на пет години. Како што информираат денеска од Општина Велес, наскоро ќе има јавен повик и кој ќе понуди најдобра цена тој ќе го добие дуќанот под наем, а средствата ќе ги користи локалната самоуправа.

Велес, 27 февруари 2025 (МИА) - Советниците на Општина Велес на поседната седница донесоа едногласна одлука деловниот простор на новиот затворен градски пазар да не се продава туку да се изнајмува на пет години. Како што информираат денеска од Општина Велес, наскоро ќе има јавен повик и кој ќе понуди најдобра цена тој ќе го добие дуќанот под наем, а средствата ќе ги користи локалната самоуправа.
Вкупно ќе се издаваат 21 деловна просторија од кои трите најголеми се за угостителски објекти. Површината на дуќаните е од 8-9 метри до 47 и 89 метри квадратни.
По изгласувањето на одлуката за изнајмување, советниците едногласно изгласаа и деловниот простор да се даде на трајно користење на ЈКП „Дервен.“
За изградбата на затворениот градски пазар во Велес кој беше пуштен во функција на 9 ноември 2023 година, Општина Велес кај Светската банка се задолжи со 30 милиони денари кои ги исплаќа на рати.ад/са/
Фото: Општина Велес