• e shtunë, 06 korrik 2024

Две жртви откако комбе удри во група луѓе во Њујорк

Две жртви откако комбе удри во група луѓе во Њујорк

Њујорк, 5 јули 2023 (МИА) – Две лица загинаа, а девет се повредени кога пикап удри во група луѓе кои го славеа Денот на независноста во Њујорк, соопштија локалните власти.

Началникот на њујоршката полиција Џефри Мадри изјави дека Форд Ф-150 се движел со голема брзина, поминал на раскрсница и знак „стоп“ пред да се случи несреќата во паркот Корлирс Хук на Менхетен. Тој додаде дека две лица загинале на лице место.

Меѓу повредените, четири лица се во критична состојба, три се тешко повредени, а двајца се полесно повредени, соопшти помошник началникот на Њујоршката противпожарна служба Мајкл Мејерс.

Инспекторите не веруваат дека несреќата е терористички чин, изјавија на брифинг со новинарите Мадри и градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс. Мадри додаде дека возачот бил тестиран за алкохол и оти се претпоставува дека причина за несреќата е консумирање на алкохол. јт/

Фото: Х

QËNDRONI TË LIDHUR