• e enjte, 21 nëntor 2024

Двајца 18 годишни средношколци приведени поради напад врз ученик од истото училиште

Двајца 18 годишни средношколци приведени поради напад врз ученик од истото училиште

Тетово, 20 ноември 2023 (МИА) – СВР Тетово информира дека попладнево приведени се двајца средношколци на 18 години поради напад врз ученик од истото училиште. Нападнатиот ученик е малолетен, а поради повредите бил префрлен во ургентен центар Тетово за укажување на лекарска помош.

-Денеска (20 ноември) во 15.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека во угостителски објект пред средно училиште во Тетово бил нарушен јавниот ред и мир. Веднаш е постапено по пријавата  и утврдено е дека повеќе ученици во училиштето физички нападнале малолетник од с.Селце, ученик во истото средно училиште, кој поради здобиените повреди бил префрлен во ургентен центар Тетово за укажување на лекарска помош, додека полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода двајца од учесниците во нападот и тоа Е.Б.(18) и Л.Ц.(18) двајцата од с.Мала Речица, ученици во истото училиште, информира Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

За настанот бил известен јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот. ас/нд/

Фото: МИА архива 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR