• e hënë, 31 mars 2025
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Данска подготвена да купи американски авиони Ф-35 и покрај спорот со Гренланд

Данска подготвена да купи американски авиони Ф-35 и покрај спорот со Гренланд

Копенхаген, 26 март 2025 (МИА) - Данските власти денеска соопштија дека размислуваат да купат повеќе американски борбени авиони Ф-35, и покрај затегнатите односи со американскиот претседател Доналд Трамп, кој сака да го анектира Гренланд, автономен регион на Данска.

„Треба да го зголемиме бројот на борбени авиони. И сосема е логично да набавиме повеќе Ф-35“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Пулсен.

„Целосно е нереално да се мисли дека би можеле да ја прекинеме соработката со САД и да престанеме да купуваме воена опрема од нив. Не е лесно да се гледа како новата американска администрација кажува работи со кои ние не се согласуваме, но прекинувањето на соработката што трае повеќе од 75 години, според мене, е целосна грешка“, рече данскиот министер.

Данска претходно има купено 27 авиони од типот Ф-35. паг/

Фото: МИА архива

 

 

QËNDRONI TË LIDHUR