Гроси: Иран во моментов располага со околу 200 килограми збогатен ураниум до 60 отсто чистота
- На економскиот форум во Давос тој соопшти дека за да се произведе нуклеарно оружје потребно е ураниумот да има чистота од приближно 90 отсто, пренесоа британските медиуми.
- Post By Сашко Димевски
- 15:04, 22 janar, 2025
Давос, 22 јануари 2025 (МИА) - Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денеска изјави дека Иран во моментов има околу 200 килограми ураниум збогатен до 60 отсто чистота.
На економскиот форум во Давос тој соопшти дека за да се произведе нуклеарно оружје потребно е ураниумот да има чистота од приближно 90 отсто, пренесоа британските медиуми.
Според стандардите на МААЕ, споменатото количество ураниум е доволно за да се направат пет нуклеарни бомби.
Гроси, исто така, нагласи дека неодамнешното забрзување на процесот на збогатување ураниум до ниво од 60 отсто му овозможи на Иран да ја зголеми стапката на производство за седум пати во споредба со претходниот период.сд/
фото:МИА архива