• e premte, 22 nëntor 2024

Град Скопје ја префрла одговорноста за кризата во ЈСП

Град Скопје ја префрла одговорноста за кризата во ЈСП

Скопје, 20 ноември 2024 (МИА) – Град Скопје преку соопштение ја префрла одговорноста во врска со кризата што настана денеска во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое остана без нафта, нагласувајќи дека се работи за смислено сценарио од страна на ВМРО-ДПМНЕ со цел пропаѓање на претпријатието.

–  Кадарот на шефот на ВМРО ДПМНЕ во Бирото за јавни набавки Маре Богева, креира криза во ЈСП за гориво, со тоа што за првпат од постоењето на претпријатието ја поништи редовната јавна набавка за гориво во ЈСП како смислено сценарио. Во исто време и со истото смислено сценарио приватните превозници, кои скоро воопшто не сообраќаат поради револт за неразгледување на нивната иницијатива за зголемување на цената по која возат, денес менуваат изјава дека не им биле верификувани извештаи за возење, а кој ќе им ги верификува кога не возат, наведуваат од Град Скопје.

Одлука за зголемување на цената на приватниците, додаваат, единствено може да донесе Советот на Град Скопје.

– За одлука за зголемување на цена на приватниците може да расправа и да донесе одлука единствено Советот на Град Скопје, предводен од Трајко Славевски од ВМРО ДПМНЕ и Мицковистите. За потсетување од моментот кога Мицкоски отпочна да преговара со компанија за набавка на 100 електрични автобуси, кое како и ветувањето за вкупно 250 нови автобуси од програмата за Скопје, се дел од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ за скопјани, отпочна и голготата на претпријатието. Во исто време почнаа и шпекулации за урнисување на ЈСП поради можно сценарио за негова приватизација, велат од Град Скопје. ра/са/

Фото: МИА архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR