Градежните работи за изградбата на фудбалскиот стадион во Илинден се очекува да завршат до крајот на 2025
- Согласно предвидената динамика и активности сите градежни работи за изградбата на фудбалскиот стадион во Илинден се планираат во фази да бидат реализирани до крајот на 2025 година.
- Post By Фатиме Фазљији
- 14:55, 25 shkurt, 2025

Скопје, 25 февруари 2025 (МИА) - Согласно предвидената динамика и активности сите градежни работи за изградбата на фудбалскиот стадион во Илинден се планираат во фази да бидат реализирани до крајот на 2025 година. Изградбата на фудбалскиот стадион во Илинден е уште едно исполнето предизборно ветување пред граѓаните на општина Илинден, на градоначалникот Георгиевски.
Реконструкцијата на стадионот која се спроведува во неколку фази, Општина Илинден ја реализира во соработка со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Како што информираат од општинската прес-служба, во рамки на проектот во првата фаза се врши целосна промена на фудбалскиот терен со негово проширување и поставување на нова вештачка трева, поставена е нова заштитна ограда, поставување на дренажа и одводнување на фудбалскиот терен, со што ќе се добие професионална подлога за одржување на фудбалски натпревари. Дополнително со проектот е опфатено да се изградат соблекувални, административни и помошни простории, нова трибина со капацитет од околу 1000 гледачи, осветлување на фудбалскиот стадион, партерно уредување на просторот со паркинг места како и хортикултурно уредување на просторот на околу стадионот.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска направил увид во работните активности во реконструкцијата на фудбалскиот стадион во Илинден. Георгиевски истакнал дека изградбата се одвива со предвидената динамика, и додаде дека граѓаните на општина Илинден и фудбалерите ќе добијат модерен и квалитетен фудбалски стадион на којшто ќе можат да се одржуваат натпревари од највисок ранг согласно критериумите и правилата на УЕФА. фф/нд/
Фото: Општина Илинден