• e diel, 30 mars 2025
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Годишни билатерални разговори со НАТО за плановите за развој на Армијата и одбранбените способности

Годишни билатерални разговори со НАТО за плановите за развој на Армијата и одбранбените способности

Скопје, 26 март 2025 (МИА) - Тим од НАТО - Алијансата предводен од високиот политички експерт и известител за нашата држава Стјуарт Ендрјус денеска и утре ќе учествува на билатералните одбранбени разговори со Алијансата. Разговорите, како што информираат од Министерството за одбрана, се посветени на плановите за развој на одбранбените способности согласно НАТО целите на способности, вклучувајќи ги и одбранбените планови, финансиите и човечките ресурси во одбраната.

Тимот експерти од Министерството за одбрана, предводен од државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова ќе информира за споделувањето на товарот кое ги вклучува и инвестициите во одбраната.

Од Министерството потсетуваат дека согласно заложбата за инвестирање во одбраната, усвоена на Самитот во Вилнус во 2023 година, а реафирмирана на Самитот во Вашингтон минатата година, земјава издвојува 2 проценти од бруто-домашниот производ за одбраната, односно 329 милиони евра, од кои над 32 проценти се наменети за опремување и модернизација на македонската Армија.

-Пред НАТО-тимот ќе биде потврдена заложбата на Министерството и на државата за континуирани реформи и развој на одбранбените способности во служба на националната и колективната одбрана во НАТО, велат од МО. 

Билатералните одбранбени разговори со Алијансата, додаваат, се реализираат секоја година во рамките на НАТО процесот на одбранбено планирање. Процесот на спроведување на одбранбените реформи, плановите за иден развој, како и постигнатото ниво во развојот на одбранбените способности се евалуираат преку повеќе области. сст/са/

Фото: МО

 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR