Глумецот Енди Дик снимен предозиран на улица во Лос Анџелес
- Подоцна изјави за медиумите дека пушел крек со непознат маж, кого го сретнал на улиците на Лос Анџелес. Глумецот потврди дека понекогаш пуши крек.
Лос Анџелес, 11 декември 2025 (МИА) - Американскиот комичар Енди Дик е снимен предозиран на улица во Лос Анџелес, додека минувачите му се приближуваат и се обидуваат да му помогнат. Имено, „Ти-ем-зи“ (TMZ) објави видео од него како седи на скали и ја губи свеста, а случајните минувачи повикуваат брза помош.

Противпожарната служба на Лос Анџелес соопшти дека реагирале на местото на предозирањето на 59-годишен маж, кој не бил однесен в болница, пренесе „Фокс 11“.
Енди Дик подоцна изјави за медиумите дека пушел крек со непознат маж, кого го сретнал на улиците на Лос Анџелес. Глумецот потврди дека понекогаш пуши крек.
- Имаше човек на мои години таму и ми беше жал за него. Има деца, беше депресивен и седеше на тротоарот. Потоа побара крек и си помислив: „Знаеш што? Можеби ми треба и мене малку од тоа“, раскажа Дик.
Тој со години се бори со зависности од дрога и алкохол. си/мс/
Фото: Јутјуб