„Гласно за гласните“ – жени на јавни позиции, истражување на битолското здружение „Журналист“
- Родовата нетрпеливост со која се соочуваат жените на јавни позиции влијае врз нивната професионална положба, продуктивноста во работата и кариерата, психичката благосостојба и здрвјето, а недовербата во институциите за решавање и недостатокот на санкции го продлабочуваат проблемот, информираа од здружението „Журналист“ на прес конференција во Битола.
Битола, 20 август 2025 (МИА) - Родовата нетрпеливост со која се соочуваат жените на јавни позиции влијае врз нивната професионална положба, продуктивноста во работата и кариерата, психичката благосостојба и здрвјето, а недовербата во институциите за решавање и недостатокот на санкции го продлабочуваат проблемот, информираа од здружението „Журналист“ на прес конференција во Битола.
Според Жанета Здравковска, новинарка и членка на „Журналист“, истражувањето на тема „Гласно за гласните“ е проект поддржан од Општина Битола и е извршено со цел да се утврди со какви притисоци се соочуваат жените на јавни позиции, и како се справуваат со нив.
-Според нашата анкета, 86 насто од испитаничките одговорија дека се соочиле со родова нетрпеливост и тоа го доживеале преку напади на социјалните мрежи. На 44 проценти од испитаничките им била потценета стручноста во нивниот кариерен развој, а 38 отсто признаа дека им биле упатувани сексуални коментари. Најчесто родовата нетрепеливост била изразена преку вербални напади, а од вербалните навреди на прво место се омаловажувањата на стручноста на жените, на второ моралните навреди, а на трето клеветите, изјави Здравковска.
Во изјава за медиумите, Здравковска посочи дека родовата нерпеливост изразена преку закани или говор на омраза и напади на социјалните мрежи предизвикува психички стрес кај 58 проценти од анкетираните.
-Интересно е што девет жени побарале лекарска помош. Кај 36 проценти однесувањето им ја намалило продуктивноста на работните места. Но, ја зголемило мотивацијата да останат вклучени во јавниот живот и на раководни места, нагласи Здравковска и додаде дека жените на јавни позиции избегнуваат да пријават случаи на родова нетрпеливост поради недоверба во институциите и мислење дека нема да има ефект.
Во истражувањето „Гласно на гласните“ реализирано од битолското здружение „Журналист“ се посочува дека од вкупно 10 случаи на пријавена дискриминација, само 3 резултуирале со санкција, што претставува сериозен проблем во спроведувањето на законските механизми и затоа бараат донесување на строги закони против дискриминација и сексуално вознемирување со реални санкции за прекршителите, но и јавно зборување за нападите и јавно кажување на лицата кои вршеле напади со име и преземе за што поддршка ќе добијат од професионалните новинари.мт/
Фото: МИА