Германската парламентарна комисија ќе дебатира за датумот за избори
- По распадот на владејачката коалиција на левиот центар во Германија, Комисијата на Бундестагот за испитување прашања поврзани со изборите денеска ќе одржи состанок на кој ќе се дебатира за датумот за одржување нови парламентарни избори
Берлин, 12 ноември 2024 (МИА) – По распадот на владејачката коалиција на левиот центар во Германија, Комисијата на Бундестагот за испитување прашања поврзани со изборите денеска ќе одржи состанок на кој ќе се дебатира за датумот за одржување нови парламентарни избори.
Според администрацијата на Долниот дом на германскиот Парламент, на состанокот се очекува да присуствува и федералната изборна функционерка Рут Бранд, која претходно предупреди дека јануари или февруари 2025 година е прерано за одржување избори.
Лидерот на опозициската парламентарна група Христијанско-демократска и Христијанско-социјална унија (ЦДУ/ЦСУ), Фридрих Мерц истакна дека тие сакаат изборите да бидат во втората половина на јануари.
Се очекува состанокот на Комисијата да биде јавен и може да се следи онлајн на веб-страницата на Бундестагот. ми/
фото: МИА архива