Герасимовски: Мајчиниот јазик е нашиот идентитет, култура и традиција, да го чуваме и негуваме
- СООПШТЕНИЕ
- Post By Сашо Арсовски
- 13:39, 21 shkurt, 2025

Герасимовски: Мајчиниот јазик е нашиот идентитет, култура и традиција, да го чуваме и негуваме
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, денеска беше во посета на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ кадешто со учениците од ова училиште заеднички го одбележаа Меѓународниот ден на мајчин јазик, 21 февруари.
„На Денот на мајчин јазик, се сеќаваме на моќта на зборот, на силата што ја носи секоја реченица што ја изговараме. Мајчиниот јазик е нашиот идентитет, култура и традиција што ги носиме во срцето. Да го чуваме и негуваме! Утрово, со учениците од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци” заеднички го одбележавме Меѓународниот ден на мајчин јазик, 21 февруари со креативна работилница. Упатувам благодарност до сите наставници и до директорката за целиот труд што го вложуваат во здрав развој на нашите деца“, истакна Герасимовски.
Општина Центар
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.