• e premte, 27 dhjetor 2024

Гвардиола не попушта: Фудбалерите на Сити ќе ја поминат божиќната ноќ во тренинг центарот на клубот

Гвардиола не попушта: Фудбалерите на Сити ќе ја поминат божиќната ноќ во тренинг центарот на клубот

Манчестер, 25 декември 2024 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, потврди дека фудбалерите на клубот ќе спијат во тренинг центарот на „Етихад“ стадионот пред утрешниот натпревар против Евертон.

Никој не можеше да претпостави дека Манчестер Сити ќе биде на седмото место пред на „Боксинг Деј“, традиционално највозбудливото коло во англискиот фудбал ден по Божиќ.

Гвардиола сака со сите сили да ја подигне формата на својот тим и да одигра како што треба, а во оваа прилика тимот ќе спие во клупскиот тренинг центар вечерва пред утрешниот натпревар.

Без разлика дали е Божиќ, фудбалерите на Манчестер Сити ќе преноќат далеку од своите семејства, се со цел да бидат подготвени за утрешната пресметка против Евертон, која започнува во 13:30 часот по наше време.

Гвардиола им откри на медиумите дека се надева дека на неговите играчи нема да им пречи да бидат на работа во текот на вечерта, објаснувајќи дека тоа е дел од нивната работа.

-Да се ​​надеваме дека сакаат да бидат тука бидејќи тоа е нашата работа, нагласи Гвардиола.

Шпанскиот стручњак им дозволи на своите фудбалери да поминуваат време со своите семејства и можеа да го поминат утрото и попладнето со своите најблиски, пред да се упатат во кампусот „Етихад“ на вечерен тренинг и преспивање. дс

Фото: Архива

QËNDRONI TË LIDHUR