Гаши ќе се сретне со романската амбасадорка и претставници на Стопанската комора на Северозападна Македонија
- Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ќе ја има средба со Адела Моника Аксинте, амбасадорка на Романија во земјава.
![Гаши ќе се сретне со романската амбасадорка и претставници на Стопанската комора на Северозападна Македонија](https://mia.mk/images/20240702100044_big_730x400_83.webp )
Скопје, 2 јули 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ќе ја има средба со Адела Моника Аксинте, амбасадорка на Романија во земјава.
Според најавите од собраниската прес-служба, Гаши денеска ќе се сретне и со претставници на Стопанската комора на Северозападна Македонија. сст/бак/
фото МИА архива