• e premte, 27 dhjetor 2024

Гакпо: Се надевам дека Салах ќе остане во Ливерпул

Гакпо: Се надевам дека Салах ќе остане во Ливерпул

Ливерпул, 25 декември 2024 (МИА) - Фудбалерот на Ливерпул Коди Гакпо се надева дека неговиот соиграч Мохамед Салах ќе го продолжи договорот и ќе остане во клубот.

Договорот на Египќанецот со „црвените“ истекува на крајот од сезоната, а се уште не му е понуден нов, што со месеци предизвикува различни коментари.

Салах е во одлична форма оваа сезона, а Гапко во изјава за клупската веб-страница изјави дека се надева дека неговиот соиграч ќе остане.

-Она на што сме сведоци е многу посебно. Количината на голови што ги постигнува, но и асистенциите што ги дава, начинот на кој игра, начинот на кој ги става другите напаѓачи или играчи од средниот ред, како мене, во позиција да постигнуваат голови и да бидат опасни, сето тоа е на високо ниво. Се надевам и за нас и за него дека може да продолжи вака уште долго. Многу сме среќни што го имаме и горди сме што сме негови соиграчи и се трудиме да го направиме уште подобар. И тој се труди да не направи нас подобри, рече Гапко. дс

Фото: Архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR