• e diel, 06 tetor 2024

Вучиќ: Србите го чуваат Дејтон, раководството во Сараево и некои од Западот сакаат да го урнат

Вучиќ: Србите го чуваат Дејтон, раководството во Сараево и некои од Западот сакаат да го урнат

Белград, 8 јули 2024 (МИА)-Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва изјави дека Србите сакаат да го зачуваат Дејтонскиот договор, дека неговото уништување не го сакаат ни Бошњаците, туку нивното раководство како и некои политичари од Запад кои си играат со оган, обвинувајќи ги Србите за тоа, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ, коментирајќи ја за ТВ Пинк изјавата на министерот за одбрана на БиХ Зукан Хелез дека Дејтонскиот договор е грешка и дека Вучиќ пукал од снајпер од ридовите на Сараево во 90-тите години, рече дека оваа изјава е многу опасна и праша дали на тоа ќе реагира помошникот државен секретар за надворешни работи на САД, Џејмс О’Брајан, како и амбасадорот на САД во Босна и Херцеговина, Мајкл Марфи.

Тој порача дека ако се покаже и најмал доказ дека пукал од ридовите на Сараево, веднаш ќе престане да биде претседател на Србија.

-Те поканувам, лажго (Хелез), со кинеските дронови од Техноманија, ако не го докажеш тоа, да си поднесеш оставка од позиција која е далеку помалку значајна, рече Вучиќ и додаде дека фотографиите од него со пушка за кои зборуваше Хелез се лажни, како и дека се потпирал на статив од камера.

Вучиќ во гостувањето во Националниот дневник на ТВ Пинк потврди дека Србија во првиот квартал имала 4,7 отсто од БДП и дека е најбрзо растечката економија во Европа.

Тој објасни и дека поради активностите на неколку странски служби во кампањата против ископувањето на литиум, сега пред Србија се Португалија, Франција и Германија.

-Сè можеше да зависи од нас, но бевме наивни, да не речам глупави. Сега ќе ни требаат најмалку четири години за да започне тој проект, а овие земји ќе го направат тоа пред нас, подвлече Вучиќ.

Тој заклучи и дека сакал целиот регион на тоа да расте, како и дека Република Српска има наоѓалишта на литиум и затоа е целата приказна е за конфискација на имот во БиХ.

Српскиот претседател изјави и дека Народната банка на Србија во петокот купила пет тони злато за 350 милиони евра и дека Србија сега има 46,5 тони злато во вредност од 3,3 милијарди евра, за да обезбеди резерви за тешките моменти кои претстојат. об/

QËNDRONI TË LIDHUR