• e mërkurë, 03 korrik 2024

Вулин упати честитка до Стоиљковиќ за неговото назначување на функцијата вицепремиер

Вулин упати честитка до Стоиљковиќ за неговото назначување на функцијата вицепремиер

Белград, 24 јуни 2024 (МИА) - Потпретседателот на Владата на Република Србија, Александар Вулин, упати честитки до претседателот на Демократската партија на Србите во Северна Македонија, Иван Стоилковиќ, по повод неговото назначување на функцијата вицепреммиер, јави дописникот на МИА од Белград.

- Ви честитам на важната и одговорна функција. Сакам да ја извршувате посветено и одговорно и за доброто на Северна Македонија и за доброто на Србите во Северна Македонија, но и за Србија. Никогаш не заборавајте на луѓето од кои дојдовте и на кои сите ние, вклучително и вие, им должиме сè. Вие сте првиот Србин потпретседател на Владата на Северна Македонија и се надевам дека ова нема да биде единствениот успех по кој ќе бидете запаметени, се наведува во честитката на вицепремиерот на Србија, Александар Вулин.об/

 

QËNDRONI TË LIDHUR