• e hënë, 28 tetor 2024

Втор круг парламентарни избори во Литванија

Втор круг парламентарни избори во Литванија

Вилнус, 27 октомври 2024 (МИА) - Во Литванија денеска ќе се одржи вториот и последен круг од парламентарните избори, откако во првиот круг на 13 октомври беа избрани 70 пратеници на партиските листи според пропорционалниот систем од вкупно 141 пратеник во Парламентот.

Околу 2,4 милиони Литванци имаат право во два круга да изберат 141 пратеник во Парламентот за четиригодишен мандат.

Се избираат и преостанатите 71 пратеник во едномандатните изборни единици кои ќе успеат да освојат повеќе од 50 отсто од гласовите, односно гласачите во десетици изборни единици ќе избираат меѓу двајцата водечки кандидати од првиот круг. рп/

Фото: ЕПА

 

 

QËNDRONI TË LIDHUR